ПСЖ го задржа Маркињос до 2028 година

79

Пари Сен Жермен објави дека ја продолжиле соработката за дефанзивецот Маркињос. Бразилскиот фудбалер потпишал договор со важност до летото 2028 година, со тоа клубот потврди дека овој фудбалер му е важен и ќе биде дел од тимот за во наредните сезони.

Маркињос игра за ПСЖ од летото 2013 година, а од тогаш седум пати беше шампион на Франција, шест пати го освои Купот на Франција, исто толку пати и Лига купот на Франција.

Сезонава бразилскиот дефанзивец одигра 42 меча за клубот во сите натпреварувања, а постигна два гола.

ПретходноФил Џонс по 12 години го напушта „Олд Трафорд“
СледноПо 6 години: Дармштад се враќа во германската Бундеслига