По 6 години: Дармштад се враќа во германската Бундеслига

223

Екипата на Дармштад 98 се враќа во Бундеслигата по шест сезони отсуство. Избраниците на тренерот Торстен Либеркнехт вечерва победија со 1-0 против Магдебург и си обезбедија едно од првите две места на табелата кои водат во германската елита.

Дармштад веќе имаше неколку шанси да обезбеди промоција во последните недели. Сепак, работите тргнаа наопаку по поразот од Сент Паули (0-3) и оној од Хановер 96 (2-1).

Дармштад е прв на табелата со 67 бода, шест повеќе од Хајденхајм кој има и меч помалку. До крајот на сезоната има само уште едно коло.

ПретходноПСЖ го задржа Маркињос до 2028 година
СледноСпалети ќе плаќа пенали од 8 милиони евра ако на своја рака си замине од Наполи