Куп на Македонија – 30.финале: “Лавовите“ по третиот трофеј, Струга ТЛ по историја!

240

 

Попладне на тренинг центарот “Петар Милошевски“ во Скопје, со почеток од 17 часот, се игра јубилејното 30.финале во Купот на Македонија. Во него се среќаваат Македонија ЃП и Струга Трим Лум.Тоа ќе биде дуел на актуелниот бранител на купот и новиот шампион на ПМФЛ.

Ова ќе биде фудбалски празник, се среќаваат две квалитетни екипи. Македонија ЃП оди по третиот трофеј, а Струга ТЛ оди по историја. Имено покрај пехарот во првенството овој клуб, кој постои само осум години, сака и пехар во најмасовното спорстко натпреварување во Македонија.

Факт е дека клубот од Ѓорче е во предност, ова за нив ќе биде петто финале од кое трето во последните пет години или четири ако се знае дека поради Ковид-19 во 2020 не се играше финалето.

Од друга страна ова финале ќе биде прво, дебитанстко за стружани кои не кријат дека и тоа како сакаат оваа еуфорија кај нив да ја искористат и да освојат уште еден пехар и со тоа оваа 2022/23 сезона да ја направат историска.

Македонија ЃП е единствената екипа која шампионот не успеа да ја победи во штотуку завршеното првенство, во тие три меча немаше победник,трипати се играше нерешено. Исто така “лавовите“ и по традиција не им одговараат на стружани. Досега овие две екипи одиграле 16 натпревари, на кои шест победи има Македонија ЃП, има шест ремија и само четири победи на Струга ТЛ.

Така да кога играат овие две екипи нема фаворити, без разлика што Струга ТЛ е во подобра форма во моменто, но затоа Македонија ЃП веќе еден месец специјално се подготвува за ова финале.

Се очекува ова да биде вистиснско и големо финале, дуел за уживање, фудбалски празник.

Така е кога еден против друг ќе се најдат Мишевски, Стевковски, Воша, Фазли, Стојковски…на чело со стратегот Горан Симов, на едната страна, а на другата Ибраими, Шабани, Радиќ, Радески, Ќосевски…предводени од искусниот стратег Шпетим Дуро.

Па, ајде да уживаме во ова големо и јубилејно 30.финале во Купот на Македонија.

ПретходноХезоња: Ние сме Реал Мадрид
СледноНекогашниот играч на Вардар со нов имиџ, пресади коса