Епска битка на „Вембли“ – Англија против Германија, некој мора да се збогува од ЕУРО!

152
Денеска е последен ден од осминафиналињата на ЕУРО 2020, а „шлагот“ е натпреварот меѓу Англија и Германија кој ќе се одигра на „Вембли“, епски дуел од кој љубителите очекуваат многу. Кој ќе триумфира ќе има отворен пат кон финалниот меч, со оглед дека после ќе играат со победникот од Шведска – Украина, а потоа и со победникот од Данска – Чешка. Двете селекции меѓусебно си упатија многу комплименти пред самиот натпревар. Лев ја фалеше Англија, додека Саутгејт исто не штедеше зборови на сметка на Германија. „Англиската репрезентација напредуваше многу во последните три години. Во 2018 година на Светското првенство покажаа дека се еден од најдобрите тимови во светот. Имаат многу играчи во Премиерлигата кои играат големи натпревари и кои се многу силни. Имаат и брзи играчи и многу квалитет“, рече Лев. „Се пишува многу негативно за Германија, но гледам дека тие се одлично подготвени. Тактички многу добро знаат што прават, секогаш работат заедно, и знаеме дека ќе биде многу тежок натпревар за нас“, рече Саутгејт. Овој дуел започнува во 18 часот, а во 21 часот играат Шведска и Украина. Овој натпревар се игра во Глазгов на „Хемпден Парк“. Шведска влезе во 1/8 финалето како првопласирана во групата каде што беше со Шпанија, додека Украина како третопласирана во групата „Ц“ во која беше Македонија. Победникот оди на мегдан од победникот од Англија – Германија.
ПретходноЗагрозено учеството на Вардар во ЛШ – ЕХФ бара депозит од 1 милион евра!
СледноСрбите Мирковиќ и Миловановиќ на проба во Тиквеш!