Екипата на Штутгарт со 4:1 славеше на гостувањето кај Мајнц во претпоследното коло во Бундес лигата и освои драгоцени бодови во трката за опстанок. До пред овој меч „Шбавите“ беа претпоследни и со оваа победа се искачија место над опасната зона, а конкурентите Шалке 04 и Бохум одиграа нерешено на своите натпревари и тие паднаа под црвената линија.
Мајнц поведе со гол на Ингвартсен, а пред крајот на првото полувреме изедначи Ендо. Во второто полувреме стрелаа Ѓираси, Фурих и Кулибали за убедлива победа.
Сега Штутгарт си ја има судбината во своите раце, во последното коло на домашен терен игра против Хофенхајм.
JAAAA, der VfB!! 😍💪💪 @Guirassy_19 🚀#VfB | #M05VfB 1:2 (64‘) pic.twitter.com/r8LB4V2GM8
— VfB Stuttgart (@VfB) May 21, 2023