ЕХФ денеска ги објави екипите кои треба да бидат дел од ЛШ во новата сезона. Меѓутоа Вардар е одбележан со „ѕвездичка“, и тоа поради што нашиот тим треба да исполни одредени услови.
Европската куќа на ракометот дополнува дека во процесот на регистрација ќе бара уште некои работи да бидат решени, па затоа бара 1 милион евра како депозит, кои треба да бидат уплатени на две рати.
Европската ракометна федерација денеска ги објави 16 екипи што треба да бидат дел од Лигата на шампионите во новата сезона, но учеството на македонскиот шампион Вардар е во опасност.
Депозитот ќе биде искористен за покривање на долговите што клубот го има кон дел од ракометарите што играа во претходните сезони.
Доколку не бидат исполнети условите, на местото на Вардар ќе игра словенечкиот тим Горење.