Калин Ивановски со скопски „покер“ за пат на Вимблдон

2214

Македонската Дејвис Куп репрезентација пред неколку дена имаше успешна мисија во Скопје каде ја мина групата, се најде на второто место на табелата и сега направи скок од четвртата во третата зона од ова натпреварување. Победи над Косово, Андора и најважната со Молдавија, по оној незгоден пораз во третата рунда од Сан Марино.

Во оваа наша репрезентација младиот Калин Ивановски имаше блескав и перфектен настап со максимален ефект од четири победи на четирите сингл натпревари. Со максимални 2:0 во сетови беа совладани искусни играчи од ова наше младо момче, кое скопскиот „покер“ на четири победи му е огромен мотив за следниот предизвик.

Супер „Калин“ кој има 17 години и кој е на 1654 место на АТП листата кон средината на јули оди на јуниорскиот турнир од Вимблдон. Со игрите, динамиката и стилот на игра несомнено Ивановски треба да биде нашата голема надеж во овој спорт во кој сме немале големи потенцијали и ѕвезди.

Покрај Ивановски во Дејвис Куп дуелите кое се играа во Скопје добар ефект имаше и Горазд Србљак кој има 23 години и подобар рејтинг од Калин Ивановски со моменталниот пласман на 1055 место на АТП листата.

ПретходноТрабзонспор во финална офанзива за Алиоски, но Мрме ја „расипува“ работата
СледноГари Линекер: Веројатно тоа беше најдобриот фудбалски ден!