ПСЖ по примерот на Сити – ја купува Сампдорија

1999

Како што Манчестер Сити има клубови-сателити ширум сити, така и Пари Сен Жермен сака да се развива. Очигледно потегот што го направи Сити со купување на клубови насекаде во светот функционира, па сопствениците на ПСЖ сакаат да направат исто. Катарската инвестициска група (КСИ), на чие чело е Насер Ал Келаифи, првиот човек на парискиот клуб, тргна во купување на клубови низ светот.

Катарците веќе откупиле 21 отсто од акциите на португалска Брага, а наредната цел им е 50% од акциите на шпанската Малага, а потоа да ја превземат Сампдорија која испадна во Серија Б.

Сампдорија со испаѓањето во понизок ранг се соочи со финансиска криза, па првиот човек Масимо Фереро сака да го продаде клубот. Токму „КСИ“ доаѓа да помогне, а во плановите на оваа група се бразилски Сантос и еден клуб од Белгија чие име не е познато.

ПретходноДунајска Стреда не го сака Фазлагиќ, и го враќа на Висла
СледноЈунајтед со „четворка“ го поздрави Челзи и си завери место во ЛШ!