Клоп: Кој сака да си оди, „палам“ автомобил и лично ќе го однесам во другиот клуб

640

Менаџерот Јирген Клоп изјави дека лично ќе го олесни трансферот на сите играчи кои сакаат да го напуштат Ливерпул откако премиерлигашот не успеа да обезбеди квалификации за Лигата на шампионите следната сезона.

„Црвените“ ќе ја завршат сезоната на петтото место, со што ќе се квалификуваат за Лига Европа, но ќе го пропуштат најпрестижното европско клупско натпреварување за првпат откако Клоп го презеде клубот од „Енфилд“.

Мохамед Салах изјави дека е „целосно уништен“ што Ливерпул нема да игра во Лигата на шампионите, но Клоп рече дека не се грижи за иднината на напаѓачот во клубот.

Не се грижам за иднината на Салах. Очигледно е дека сака да биде тука. А доколку некој играч дојде кај мене и рече: „Не се квалификувавме за Лигата на шампионите, сакам да си одам“, сам ќе го однесам во другиот клуб. Би го земал клучот и би рекол: Влези  во автомобилот и каде сакаш да те однесам? Ќе те однесам ич не ми е гајле”. Тоа би било нешто што никогаш не би можел да го разберам. Тоа е како јас да речам: „Не се пласиравме во Лигата на шампионите, но морам да водам тим во Лигата на шампионите, па си одам”. Јас сум одговорен за овој хаос, затоа не можам да заминам во овој момент“, додаде Германецот.

Ливерпул стигна до три финалиња во Лигата на шампионите под водство на Клоп, освојувајќи го трофејот во 2019 година.

На нивото на кое обично играме, се работи за Лигата на шампионите поради парите, противниците и се. Но, јас ги сакам европските турнири. Знам дека кога играте нема разлика. Луѓето можеби ќе помислат: „Тоа е само Лига Европа. Но 100 отсто сум сигурен дека на првиот свиреж, во четврток навечер, кој и да е противникот, Енфилд ќе биде полн. И тоа е се што ми треба“, додаде Клоп.

ПретходноФештата може да почне: Пелистер победнички до титулата после 18 години!
СледноПораз на стартот: Одбојкарите немаа сили за изненадување против Украина