После шест години престој на „Енфилд“ и освоено се што можеше да се освои, се чини дека Мохамед Салах ова лето има намера да го напушти Ливерпул и да се пресели во најгламурозниот клуб во светот, а тоа е Реал Мадрид.
Имено познато е дека во изминатиот период Египќанецот и не беше баш најзадоволен од се она што се случува во Ливерпул, па им дал налог на своите мемаџери да побараат адекватен клуб за него.
Па така деновиве низ медиумите на Островот, а и во Шпанија, се пишува дека тие веќе имале контакт се “кралевите“ и дека преговорите се започната.
Јасно му е на Салах дека ако ова лето не замине на “Сантијаго Бернабеу“ тогаш во следните години тоа ќе биде неизводливо, ако се знае дека тогаш на ред ќе дојдат Мбапе и Халанд.
Сепак најновите вести од Мадрид велат дека Флорентино Перез повеќе сакал да го види Хари Кејн во белиот дрес отколку Мохамед Салах.