Макс Верстапен ја оствари втората победа низ улиците на Монте Карло по денешната победа на Големата награда на Монако во седмата трка од сезоната во Формула 1 шампионатот. Холанѓанецот стартуваше прв по триумфот во квалификациите, а имаше контрола во првите 2/3 од растојанието, а потоа заврна дожд и патеката се поплави. Во тој момент настана хаос, а Холанѓанецот се изглизга и имаше удар во ѕидот меѓутоа успеа да го задржи водството.
Во тој хаос, Алонсо и Астон Мартин ја искористија својата шанса да го претркаат Верстапен, меѓутоа еден круг подоцна речиси сите возачи тргнаа во боксот да ги променат гумите и тоа го чинеше Алонсо повеќе од 10 секунди.
На крајот Верстапен заврши 27,9 секунди пред Фернандо Алонсо.
Третото место му припадна на Естебан Окон, кој стартуваше од третото место, за кого ова е прв подиум по победата на ГН на Унгарија во 2021 година. Четврти и петти финишираа возачите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Џорџ Расел.
Возачите на Ферари имаа лош пласман. Леклер заврши шести, а Сајнц осми.
Rain in Monaco means one thing – chaos on track! 🤯#MonacoGP #F1 pic.twitter.com/cavvZEuRPa
— Formula 1 (@F1) May 28, 2023