Карим Бензема е прогласен за најдобар француски играч надвор од француската Лига 1.
Наградата за најдобар француски играч во странство ја доделуваат секоја година членовите на Националниот сојуз на професионални фудбалери (УНФП). Напаѓачот на Реал Мадрид ја освојува наградата 4-ти пат по ред. „Л“Екип“ пренесува дека наградата на Бензема му била врачена во Мадрид.
Бензема оваа сезона со Реал Мадрид го освои Суперкупот на Европа, Светското клупско првенство и Копа дел Реј, а ја освои и Златната топка во октомври 2022 година.