Де Лаурентис потврди: Спалети сам ми рече дека сака да си замине

308

Лучијано Спалети сам побарал да го напушти новиот италијански шампион Наполи по оваа сезона, изјави претседателот на клубот Аурелио Де Лаурентис.

Долго време се шпекулираше за неговото заминување по завршувањето на сезоната, а сега претседателот на Наполи, Де Лаурентис ги потврди озборувањата.

„Спалети ми кажа дека завршил еден циклус и побара дозвола да го напушти клубот бидејќи сака одмор. Ќе го почитувам тоа, дури и да има договор“, вели Де Лаурентис.

64-годишниот Лучијано Спалети е тренер на Наполи од летото 2021. Оттогаш, во водеше клубот на 95 натпревари, со просек од 2,09 освоени бода по натпревар.

ПретходноТолку од ѕвезденото три на ПСЖ: Нејмар и Меси не беа на прославата на титулата
СледноЕ. Пелистер се раздели со седум ракометари