Баерн му даде отказ, но тој не планира да си замине: Ќе разговараме кога сето ова ќе се смири

550

Разрешениот извршен директор на Баерн Минхен, Оливер Кан, изненадувачки изјави дека се уште не дефинитивно еговото заминување од германскиот шампион.

„Ќе седнеме кога сè ќе се олади целата оваа ситуација и ќе разговараме за сè во мир“, изјави Кан за весникот „Билд“ .

Кан вели дека работел професионално и очекува од Баерн да добие таков третман и во следниот период на преговори.

„Ја презедов оваа одговорност затоа што сакав да му вратам нешто на клубот. Тоа не беше лесна задача по многу успешното време со Ули Хенес и Карл-Хајнц Румениге. Дури и ако моменталната ситуација не е лесна, многуте одлични искуства со Баерн ги надминуваат овие негативните“, вели Кан.

Претходно, претседателот Херберт Хајнер вербално му подаде рака на Кан со изјавата дека секогаш се подготвени за разговор и помирување.

Претходно„Милиет“: Бјелица го стави Барди на „црниот список“
СледноМиленкоски: Украина беше пресилна, но ме радува посветеноста ќе биде подобро