Утре е ждрепката за пополнување на ВМФЛ!

790

Утре во просториите на Фудбалската федерација на Македонија во 17 часот, ќе се одржи ждрепката по која ќе се знаат кои две екипи од трите поразени во баражот, следната сезона ќе играат во ВМФЛ.

Да потсетиме, во шеширот ќе бидат екипите на Новаци, Осогово и Влазерими кои вчера загубија во баражите. Па така со ждрепка ќе се одлучи кои две екипи од овие три наредната сезона ќе играат во ВМФЛ а која ќе биде таа најнесреќна која и следната сезона ќе игра во својот регион.

Инаку досега дефинитивно второлигаши се екипите на Скопје, Победа, Пелистер, Детонит, Беса, Охрид, Арсими, Кожув, Беласица, Караорман, Каменица Саса, Тетекс, Вардар Неготино и Башкими. Утре после 17 часот ќе дознаеме кои две екипи ќе се најдат во второлигашкото друштво за сезонаста 2023/24.

ПретходноБез директен ТВ пренос од втората финална пресметка меѓу МЗТ Скопје и Пелистер!
СледноЛиверпул се сеќава: 38 години од страшната трагедија на „Хејсел“