Денеска нашиот репрезентативец Аријан Адеми полни 32 години, денеска на фудбалерот на Пекинг Гуам му е роденден.
Динамо Загреб, неговиот некогашен клуб, каде стана и клупска икона, денеска во голем стил му го честиташе роденденот и му го прати златниот медал за освената нова титула во ХНЛ, во која секако дека и македонскиот репрезентативец и тоа како има големи заслуги.
Во честитката загрепчани не заборавија да споменат дека Аријан е фудбалерот кој забележа најмногу настапи и трофеи во историјата на клубот.
Ете, така се почитуваат своите легенди.