Иако беше најавувано дека Ардијан Нухиу е нов шеф на Шкендија, заедно со Муарем Бајрами, нашите информации говорат дека ништо од тоа. Имено некои детали не успеале да се договорат па така Шкендија сега веќе неколку денови била во завршни преговори со Оргес Шехи (45), тренер од Албанија, актуелен стратег на Тирана со кој лани беше шампион во таа земја а сега не успеа да ја одбрани титулата поради полоша гол разлика на крајот, Партизани е новиот шампион.
Инаку Шехи претходно бил сртратег и на Кукс како и на Скендербег. Него го чека финале во Купот на Албанија, з ада потоа би дошол во Тетово.
Сепак кога станува збор за Шкендија никогаш не е готово се додека навистина не е готово.
Инаку Шехи беше во преговори и лани со Шкендија, но тогаш до договор не дојде.