Марко Асенсио е се поблиску до слободен трансфер во премиерлигашот Астон Вила. Според Фабрицио Романо, клубот од Бирмингем веќе ја доставил својата понуда до Шпанецот, а Николо Шира открива дека понудата е за 8 милиони евра по сезона со четиригодишен договор. Марка додава дека менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, имал улога во убедувањето на Асенсио, кој веќе одлучил дека нема да ја прифати понудата на Реал Мадрид да остане на Сантијаго Бернабеу“ и по седум сезони во кралскиот клуб ќе бара ново продолжение на својата кариера. .