По ждрепката пред почетокот на Еуро 2020, една од групите го доби називот „Група на смртта“. Тоа беше групата „Ф“ во која беа актуелните светски прваци, Французите, актуелните европски шампиони, Португалците, како и светската велесила Германија и Унгарија како аутсајдер.
Иако сосема логично беше Франција, Португалија и Германија да ја минат групата, сите очекуваа овие селекции да се борат за место до самата завршница. Сепак, членовите на „Групата на смртта“ се простија од ова ЕП поуште во првата нокаут-фаза.
Од ТОП 10 фаворити според светските обложувалници во четвртфиналето, има само четири селекции, Шпанија, Англија, Италија и Белгија.
The group of death:
🇲🇫 Dead
🇩🇪 Dead
🇵🇹 Dead
🇭🇺 Dead— Troll Football (@TrollFootball) June 29, 2021