Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Филип Глигоров е нов фудбалер на Партизани од Тирана.
Досегашниот фудбалер на Шкупи замина за Албанија како слободен фудбалер. Минатата сезона Глигоров одигра 28 меча за Шкупи во домашното првенство и постигна еден гол.