Димитријевиќ и Вајли први стрелци во победите на Хувентуд и Сарагоса

81

Уште една фантастична партија на македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ во дресот на Хувентуд. Тимот од Бадалона на домашен терен играше против Тенерифе, го совлада со 90-85 во меч од 33. коло во Лига Ендеса.

Димитријевиќ беше одличен во второто полувреме, буквално го држеше својот тим во игра, постигна 21 поен од вкупните 23 поени. Имаше 7/8 за два поени, 3/5 за три поени, четири скока и две асистенции, во игра мина нецели 19. минути.

Хувентуд имаше комотно водство, до средината на третата четвртина одржуваше двоцифрена позитива од 10 до 12 поени, но гостите пред крајот успеаја да се вратат, намалија на 67-64. Од 35. минута дуелот влезе незивесна завршница, на крајот Хувентуд успеа да дојде до триумф.

Одлична вечер имаше и Џејкоб Вајли. Неговата Сарагоса ја совлада Уникаха на гости со 78-101, Американецот со македонски пасош постигна 24 поени, беше прв стрелец. Вајли беше одличен од поле имаше 9/10, додека од линијата за слободни фрлања пак погоди шест од осум, додаде уште пет скока и три асистенции.

ПретходноМакедонија засекогаш во сцето на Мекејлеб
СледноДимитријевиќ ги „збудале“ коментаторите, ова е партија за паметење (ВИДЕО)