Атланта на убедлив начин до 2:2 со Милвоки, се повреди Адетокунбо (ВИДЕО)

238

После два порази по ред, Атланта успеа во четвртиот натпревар убедливо да слави против Милвоки, и да дојде до израмнување во серијата.

Тоа им успеа благодарение на одличната игра на Ли Вилијамс и Богдан Богдановиќ. Вилијамс уфрли 21 поени додека Богдановиќ имаше учинок од 20 поени.

На убедливиот пораз на Милвоки влијаеше и повредата на Јанис Адетокунбо кој за 24 минути постигна 14 поени. И натаму не е познато дали и колку ќе паузира.

Следната средба е закажана за два дена во Милвоки.

ПретходноКрос ставa крај на репрезентативната кариера?
СледноЛев: Бев многу разочаран кога влегов во соблекувалната, сега ќе одморам од фудбалот