Каква размена: Влаховиќ во Челзи, а Лукаку во Јувентус?!

1434

Душан Влаховиќ и во текот на летниот преоден рок е дел од шпекулациите дека ќе оди ваму, па таму. Медиумите во Италија и Србија и тоа како знаат да ја “напумпаат“ сета атмосфера што се создава околу овој квалитетен напаѓач, но реално и фудбалер кој не е во оние топ-5 напаѓачи во светот како некој што сака да го прикаже.

Сепак Србинот е многу платен, па така Јуве сака да се “отараси“ од него, а има и понуди. Најновата шпекулација вели дека тој ќе оди во Челзи, откако пропаднаа преговорите со Баерн и Реал, демек, а за возврат клубот од Лондон ќе го прати Лукаку во Јуве со оглед на тоа дека Белгиецот сега игра во Интер како позајмен играч на “сините“ од Лондон.

Со ова Лукаку ќе направи големо предавство, но сепак за него одлучува само Челзи и никој друг.

ПретходноДресот на Крсте Велкоски на аукција за помош на погодените од земјотресите во Турција и Сирија
СледноЕмотивно збогување на Асенсио со Реал Мадрид! (ВИДЕО)