Во пресрет на денешното финале во ФА меѓу Сити и Јунајтед, Пеп Гвардиола на пресот имаше свој коментар на новинарско прашање за однесувањето на Жозе Мурињо во финалето во Лигата на Европа во средата.
Познато е што се случуваше за време на мечот, а посебно по завршувањето кога Мурињо со право вербално го нападна судијата Ентобни Тејлор од Англија.
Инаку познато е дека Пеп и Жозе воопшто не се “мирисаат“ уште од времето кога Гвардиола беше стратег на Барса, а Португалецот ги предводеше Интер а потоа и Реал.
“Жал ми е за она што му се случи на Ентони Тејлор. Да се надеваме дека ваква ситуација нема да се повтори“ беше кусиот коментар на Пеп.