ФА Куп – финале: Бруно израмни од пенал, Сити – Јунајтед 1:1 по првиот дел! (ВИДЕО)

159

Големото, спектакуларното ФА Куп финале на “Вембли“ пред 90.000 гледачи меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед е 1:1 по првиот дел.

Гундоган во 13 секунда со фантастичен шут донесе водство на “сините“, за да во 33.минута Бруно Фернандез израмни од пенал, откако Грилиш играше со рака во својот казнет простор.

И двете екипи имаа шанси во првото полувреме за уште по некој гол, но сепак на пауза се замина со тие 1:1.

Јасно е дека не чека спектакл и во второто полувреме на ова 142 финале во ФА Купот.

ПретходноЕдна од фаворитките на Ролан Гарос мораше да се повлече!
СледноВајперс преку Ѓер до ново ЛШ финале!