Вајперс Кристијансад се пласира во финалето во Лигата на шампионите во женска конкуренција, откако во полуфиналето славеше против Ѓер со 37-35. Норвешкиот тим ќе се бори за третата титулата во низа на оваа завршница во која ја има улогата на бранител, а на патот до таму ќе го има подобриот од дуелот меѓу ФТЦ и Есбјерг.
Кристијансад овој натпревар го доби во првото полувреме, имаше водство од 18-23. Ѓер се врати во вториот дел, беше подобар со 17-14, но драматичната завршница им припадна на ракометарките на норвешкиот состав.ж
Најефикасни во победничката екипа беа Јасмина Робертс со осум гола, зад неа беше Маркета Јерабкова со седум погодоци. Во составот на Ѓер, Стине Офтедал мечот го заврши со 11 погодоци.
🇳🇴 𝐕𝐢𝐩𝐞𝐫𝐬 𝐊𝐫𝐢𝐬𝐭𝐢𝐚𝐧𝐬𝐚𝐧𝐝 will play the FINAL 🌟 #ehfcl #ehffinal4 @VipersKrSand pic.twitter.com/H1ykmlTWQs
— EHF Champions League (@ehfcl) June 3, 2023