Спектакл на “Вембли“: Гундоган го “реши“ Јунајтед, четата на Пеп е победник во финалето на ФА Купот! (ВИДЕО)

394

Спектакуларно финале во ФА Купот и триумф на Манчестер Сити против Манчестер Јунајтед со 2:1 во 142 финале во најстарото фудбалско натпреварување во Англија.

На “Вембли“ вриеше, 90.000 гледачи навиваа за Сити или Јунајтед, на крај се радуваа “сините“ и тоа благодарение Илкај Гундоган со два гола. Тој постигна и трет гол во 72.минута но поради офсајд беше поништен.

Па така Сити засега има двојна круна, ПЛ и ФА Куп, четата на Пеп Гвардиола ќе оди по “триплета“ следната сабота во Истанбул, во финалето во ЛШ против Интер.

А финалето почна со гол и тоа во 13 секунда, кога Манчестер Сити дојде во водство со спектакуларниот погодок на Илкај Гундоган. Еуфорија во синиот дел на трибините на преполниот “Вембли“. Тоа беше шок за Јунајтед, а во тие моменти “граѓаните“ можеа и до втор гол.

Сепак израмнување, и тоа во 33.минута кога прво Грилиш играше со рака во својот шеснаесетник, што беше доволно да се покаже на белата точка во корист на Јунајтед. Сигурен пеналџија беше Бруно Фернандез за 1:1. Со тој резултат се замина на пауза.

Се играше 52.минута кога Гундоган го врати водството на Сити, и тоа со максимално прецизен шут од 18 метри, се чини дека Де Хеа мораше подобро да реагира.

Во продолжение од финалето Јунајтед тргна на се или ништо, имаше и шанси.

Сепак на крајот синиот дел од Манчестер се радуваше.

ПретходноМакс Верстапен со пол-позиција во Шпанија!
СледноРеал Мадрид потврди ново заминување!