Како што дознаваме неколку играчи на Ренова веќе два дена се “борат“ со стомачен вирус и тоа им задава проблеми во одработување на тренингот. Истиот се појавил во текот на вчерашниот ден, ситуацијата денеска е нешто подобра, но сепак имаат проблем со покачена температура.
Допрва ќе следат анализите од каде “гипсарите“ ја “закачиле“ бактеријата, но јавна тајна е дека и поголем дел од граѓаните на Тетово имаат вакви проблеми. Токму во екот на најголемите горештини оваа година.
Инаку што се однесува до пријателските средби, Ренова својата прв контрола ќе ја одигра на 6 јули во Маврово и тоа против косовскиот тим Гњилане. Додека три дена подоцна следува “тестот“ со Борец во Речица.