Денеска започна продажбата на билетите дуелот меѓу Македонија и Украина!

334

Денеска започна продажбата на билети за натпреварот меѓу Македонија – Украина (16. јуни, 20:45) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје во рамките на квалификациите за ЕП 2024.

Цената на влезница за натпреварот изнесува од 300 и 400 денари.

Продажбата на билети за натпреварот Македонија – Украина ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets со физичко присуство на купувачите.

Едно лице може да купи најмногу четири (4) билети. Задолжителна е влезница за натпреварот и за деца, без оглед на нивната возраст.

МАКЕДОНИЈА – УКРАИНА (Национална арена „Тодор Проески“, 16. Јуни, 20:45 часот)

Северна Трибина

Блок 13, 14, 18, 19, 20, 21, 23 и 24      300 денари

Јужна Трибина

Блок 1, 2, 5 и 6                                     300 денари

Блок 3 и 4                                             400 денари

Билетарата на Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена на 14-ти, 15-ти јуни и на денот на натпреварот, 16-ти јуни од 10:00 часот.

ПретходноТами Абрахам ги скина лигаментите
СледноРуне победи во маратонски меч и закажа скандинавско четвртфинале