Очекуван исход во Лестер. По напуштањето на најсилната англиска лига, Лестер ќе мора да направи рез во екипата. Па така до крајот на месецот без обесштетување ќе си заминат седум фудбалери: Јури Тилеманс, Чаглар Сојонџу, Рајан Бертранд, Ајоз Перез, Даниел Амарти, Намаплиз Менди и Тете.
За Сојонџу одамна се знаеше дека ќе ги напушти „лисиците“, а тој уште во јануари се договори со Атлетико Мадрид и наскоро ќе биде промовиран на „Метрополитано“.
Тилеманс најверојатно ќе ја засили Астон Вила. Менди би можел во Бешикташ, Тете ќе се врати во Шахтјор Доњецк со кого е под договор, Ајоз Перез би можел да остане во Бетис…
На капитенот Џони Еванс му е понуден нов договор и се чека негов одговор.
Може да има уште заминувања од Лестер. Интерес има и за Џејмс Медисон, репрезентативецот на Англија чија цена се проценува на 40 милиони евра.