„Императорот“ се обложи на победа на Интер во финалето на ЛШ (ФОТО)

2442

Поранешниот напаѓач на Интер, Бразилецот Адријано, пред финалето на Лигата на шампионите, се обложил дека неговиот стар тим ќе го победи Манчестер Сити во Истанбул. Според објавата на социјалните мрежи, Адријано уплатил сума од околу 2.000 евра на победа на Интер.

Пеп Гвардиола и неговиот Манчестер Сити тим се фаворити за кревање на трофејот за првпат во нивната историја, но Адријано верува во момците на Симоне Инзаги. Тој на Инстаграм објави слика од уплата во вредност од 10.000 бразилски реали (околу 2.000 евра) на победа на Интер.

Ако Интер победи, „Императорот“ ќе заработи 75.000 бразилски реали, речиси 15.000 евра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adriano imperador (@adrianoimperador)

ПретходноВидеолотарија во мај исплати фантастични 48.339.895,00 денари кај играчите
СледноМојсов се враќа во Кавадарци