Екипата на Ред Бул Лајпциг и официјално започна преговори со тимот на Манчестер Јунајтед во обид во своите редови да го донесе напаѓачот Ентони Еланга.
Иако истите се на самиот почеток сепак, во Германија и тоа како се оптимисти по ова прашање. Се работи за исклучително млад и квалитетен напаѓач, кој реално во Манчестер Јунајтед е големо прашање дали и колку ќе ја добие шансата особено во сезона како следната во која мора нештата да се кренат на едно сосема повисоко ниво, па тука се гледа и можноста Еланга да се привлече во Лајпциг.
Оваа информација ја лиферува Флориан Петенберг, експертот новинар за трансфер пазарот во Бундес лигата, и човек кој што најавил многу мега трансфери во Германија.
News #Elanga: The 21 y/o can leave #MUFC in summer!
➡️ Talks with RB Leipzig took place but it’s not advanced
➡️ Many other clubs have inquired about him. He’s in the market.Price expectation ManUtd: €15-20m. @SkySportDE 🇸🇪 pic.twitter.com/DpE1lmYQoI
— Florian Plettenberg (@Plettigoal) June 7, 2023