Вистинско фудбалско лудило деновиве се случува во Индонезија, поточно во градот Џакарта каде на 19 јуни домашната селекција на Индонезија ќе одигра пријателски натпревар со светскиот првак, составот на Аргентина.
Какво е интересот за билети за овој меч најдобро говори следниот податок. Имено за само 5 минути “пламнале“ сите 77.000 билети кои што Фудбалската федерација на Индонезија ги пушти во продажба.
Се вели дека ако имало стадион со капацитет од 5 милиони седишта и тој ќе бил мал за сите кои сакаат да ја гледаат Аргентина во живо.