По Роналдо, Бензема, Канте…сега С. Арабија го купува и најдобриот судија во светот!

578

Шимон Марчињак, судијата од Полска во сабота ќе го суди финалето во Лигата на Шампионите. Да потсетиме дека тој го судеше и финалето на СП во Катар минатата година, па и затоа можеме да кажеме дека е најдобар судија во светот во моментов.

И токму тој Марчињак деновиве добил баснословна понуда од С. Арабија. Не се кажува висината на истата, но дека била и тоа како примамлива дилема за Марчињак. Тој освен што требало да суди на најтешките мечеви, понудено му било и да биде прв човек на Судиската организација.

Па така по Роналдо, Бензема, Канте…С. Арабија сака да го купи и најдобриот судија во светот.

Интересно, не се напоменува дали Марчињак ја прифатил понудата или не, или пак ќе чека прво да го отсуди финалето во Истанбул.

ПретходноИ повторно – НЕ: ПСЖ го молел Зидан да седне на клупата!
СледноМануел Нојер во Хајдук!?