Марио Крстовски (25) не е веќе фудбалер на Слога Добој, клуб од елитната лига во БиХ. Имено на македонскиот напаѓач договорот му истече со овој босански клуб и тој нема намера истиот да го продолжи, што значи е слободен играч и може да прави трансфер било каде.
Инаку тој веќе има понуди од наши клубови во ПМФЛ да се врати во Македонија, но останува да се види за што ќе се одлучи Крстовски кој во минатото играше за Хоризонт Турново, А. Пандев, Работнички, Македонија ЃП, Зрински, Леотар и последно во Слога Добој.
Да кажеме дека Крстовски во изминатата сезона за овој тим успеа да постигне 8 голови и 5 асистенции.