Хари Кејн им кажал на своите соиграчи од Тотенхем дека ќе се пресели во Реал Мадрид!

943

Се чини дека по Џад Белингем, Реал Мадрид е на добар пат да ангажира ова лето уште една англиска супер – ѕвезда, а тоа е Хари Кејн.

Познато е дека за услугите на капитенот на Тотенхем се заинтересирани речиси сите најголеми клубови во Европа, а посебно во Премиерлигата, но “спарси“ не сакаат да ги засилат своите домашни конкуренти. Па така ако веќе мора да го пуштат тогаш тоа ќе биде некаде надвор од Островот.

И кога е така, тогаш јасно е дека Реал Мадрид поради својата големина и атрактивност, има најголеми шанси.

Веќе има почетни преговори, а дека трансферот е блиску до остварување доказ е тоа што Кејн веќе ги информирал своите соиграчи од Тотенхем дека во многу брзо ќе се пресели во Мадрид.

ПретходноНов инцидент на младиот Италијанец: Избркан од тимот затоа што немал желба да игра на ЕП
СледноОд Шахтјор се заканија: Ќе го тужиме Тотенхем ако Саломон отиде на „Вајт Харт Лејн“