Шкендија потпиша професионални договори со двајца талентирани фудбалери

1502

Тетовска Шкендија потпиша професионални договори со двајца талентирани фудбалери од својата школа. Се работи за Лорик Јакупи и Амир Нухија кои ставија потпис на своите први профи-договори и се обврзаа на двегодишна соработка.

Јакупи има 17 години и е крилен напаѓач и е У18 репрезентативец на Македонија. И Нухија е член на У18 репрезентацијата на Македонија и е играч од средниот ред.

ПретходноШвјонтек против Мухова во финалето на Ролан Гарос
СледноЛудило во Индонезија: За мечот со Аргентина за 5 минути продадени 77.000 билети!