Првиот човек на Интер, Стивен Жанг, во очекување на утрешното финале од Лигата на шампионите, им порача на фудбалерите на миланскиот тим да влезат во мечот машки и без страв.
„Не плашете се од Манчестер Сити, ние имаме квалитети да ги победиме. Трофејот од Лигата на шампионите не е невозможен сон“, им порача Жанг на фудбалероте во пресрет на најважниот и најпрестижниот натпревар во кариерата на секој фудбалер.
„Длабоко го почитувам Сити. Величествен тим. Но, ние имаме квалитет да се соочиме со нив. Во последните години колку е поквалитетен противникот, толку подобро играме. Интер знае како треба со силни тимови, токму против оние помалку конкурентните одвреме-навреме губиме бодови. Помислив многу пати како би било да се освои Лигата на шампионите. Но, дури и да сонував за победа изгледаше невозможно… Сега кога сме во финалето, сепак, сите ние во клубот имаме неверојатна желба да се обидеме да победиме и да стигнеме таму најгоре“, вели Жанг во интервју за „Газета дело Спорт“.