Почна одбројувањето: Македонија се комплетира пред дуелите со Украина и Англија, недостигаат само Адеми, Алиоски и Илиев! (ФОТО)

272

Денеска е означен официјалниот старт на подготовките за претстојните мечеви со Украина и Англија во рамките на јунскиот квалификациски циклус за ЕВРО 2024. Селекцијата полека, но сигурно се комплетира, тука се и Енис Барди, Илија Несторовски, Јован Манев кои пристигнаа во базата во хотелот “Хилтон“ во Скопје, за да потоа и го одработија тренингот на СЦ “Петар Милошевски“ на ФФМ.
Познато е дека последни ќе се приклучат Аријан Адеми, Езџјан Алиоски и Дени Илиев, и тоа во понеделник.

Значи почна одбројувањето пред мечот со Украина (16 јуни во Скопје) и Англија (19 јуни во Манчестер).

Атмосферата е добра, сите се свесни што значат овие два меча за нашата најдобра фудбалска репрезентација.

No description available.

No description available.

No description available.

ПретходноШампионот си закажа пријателски со Балкани, Партизани и Тирана…
СледноОфицијално: Захов уште две години во Шкендија, понудата на Скендербеу е одбиена!