„Спартанците“ убедливо поразени од Белгија!

533

Белгија – Македонија 3:0 во сетови за убедлив триумф во 4.коло од „Златната лига“. Ова за нашите „спартанци“ е втор пораз и тоа на натпреварот кој заврши предмалку во Шарлроа.

Штета, имавме одлилчни моменти, бевме блиску резултатски во сите три сета да ги добиеме, но ете, на крајот четата на Јошко Миленкоски убедливо беше поразена.

Првиот сет одлилчно го почнавме, имавме водство од 1:5 и 2:7. Но како што одминуваше времето, Белгија играше се подобро и подобро и успеа да дојде до 12:12, а на крај го доби сетот со 27:25. Штета, тука имавме голема шанса и тоа како.

Во вториот сет домашните тргнаа подобро, имаа водство од 5:2, ние ја бркавме разликата, но во финишот на овој сет имавме и водство, но повторно кога беше најпотребно, го немавме тој завршен удар и Белгија одново знаеше како треба, и овој сет го доби со 25:23.

Во третиот сет најнтересно беше кога во еден момент Љафтов беше во елемент. Имаше во серија три аса од сервис, донесе водство од 13:14. но домашните истото брзо го вратија. И тоа со 20:19, за да потоа ние поведовме со 20:22.

Но на крај и овој сет го доби Белгија со 26:24 и за триумф од 3:0.

Штета, можевме да извлечеме далеку подобар резултат.

ПретходноЈокиќ доби порака од Ролан Гарос!
СледноГвардиола и Инзаги ги објавија стартните состави: Сити со Халанд во нападот, Интер со Џеко и Лаутаро!