Фотографија која доволно говори: Едноставно – „тата“ е број еден (ВИДЕО)

1742

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ на својот Денвер Нагетс до првиот трофеј во историјата на франшизата.

Денвер стана шампион во НБА лигата, откако во петтиот меч од финалната серија го совлада Мајами со 94:89.

Јунак на величествениот триумф на тимот од Колорадо беше српскиот ас Никола Јокиќ, кој решавачкиот меч го заврши со 28 поени, 16 скока и четири асистенции.

По натпреварот во центарот на вниманието беше наследничката на Јокиќ, Огњена.

Ќерката на МВП-то на финалната серија го следеше мечот со својата мајка Наталија, а по последниот звук на сирената заврши во прегратките на својот татко.

Никола не се одвојуваше од наследничката која со својот феноменален стајлинг го стопи срцата на сите фанови на Денвер и секако неверојатниот Никола Јокиќ.

Огњена носеше кожна јакна со бројот 15 на грбот и презимето „Јокиќ“, а на рамото имаше српско знаме. Таа под јакната носеше дред, на кој стоеше – ТАТА.

ПретходноЈокиќ ја отвори портата на вечноста: Денвер до прва НБА-титула (ВИДЕО)
СледноЈокиќ: Ја завршивме работата, сега можеме да си одиме дома!