Шампионот на Македонија, тетовска Шкендија, во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите на 6 јули во Скопје ќе игра пред делумно пополнети трибини.
Тетовските „црно-црвени“ се домаќини на Мура во првиот меч од квалификациското коло на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје и според важечките здраствени протоколи, ќе можат да продаваат билети за 30% од капацитетот на нашиот најголем стадион.
Како што објавија од клубот вечерва, веќе од утре ќе почне продажбата на билети за дуелот на 6 јули закажан во 20 часот.
фото: ФК Шкендија