Никола Силаџи е нов кошаркар на Гостивар

270

Откако последната сезона ја помина како играч на Кожув, па на Пелистер, поранешниот младински репрезентативец на Србија, Никола Силаџи, следната сезона ќе го носи дресот на Гостивар.

Гостиварчани денеска се пофалија со потписот на договорот со Силаџи, кој ќе биде одлично засилување. 208 сантиметри високиот центар минатата сезона ја заврши со просек од 10,5 поени по натпревар во дресот на битолскиот прволигаш.

ПретходноТиквеш со победа над Македонија ЃП на првиот тест
СледноВинченцо Италијано е нов тренер на Фиорентина