Вчера Хрватска ја совлада Холандија со 4:2 во полуфиналето од Лигата на нации, а најдобар играч беше капитенот Лука Модриќ.
Играчот од средниот ред на Реал Мадрид истакна дека љубовта кон топката е она што го води.
„Едноставно го сакам фудбалот. Тоа е мојата сила, мојата движечка сила. Можеби не влеговме како што треба во првите 15-20 минути. Како што одминуваше натпреварот, ние станувавме подобри. Заслужено победивме. Можеби можевме да ги избегнеме тие продолженија“, изјави Модриќ по натпреварот.
Тој додаде дека Хрватска се чувствува како дома поради бројот на навивачи.
„Пред натпреварот излеговме да се загреваме и бевме изненадени од бројот на нашите навивачи. Се чувствувавме, како што и самите кажавте, како дома“.
Дали е ова најлудиот натпревар во кариерата на Модриќ?
„Ова е една од оние луди игри. За неутралните навивачи, одлична игра, со многу можности. Завршивме само половина. Сето ова мора да го потврдиме во недела“, изјави Модриќ, кој не сакаше да открие дали во недела ќе се збогува со хрватската репрезентација.
На вчерашниот натпревар Модриќ се намести и постигна гол за победа на Хрватска и го одигра речиси целиот натпревар, 119 минути.
На официјалниот Твитер профил на Европското првенство, УЕФА објави слика од Хрватот со краток коментар: „Маестро“.
Maestro. #NationsLeague pic.twitter.com/wvbKcYt9Ik
— UEFA EURO 2024 (@EURO2024) June 14, 2023