И официјално, нашиот шампион, тимот на Е. Пелистер во сезоната 2023/24 ќе биде учесник во групната фаза во ЛШ. Ова денеска ЕХФ и официјално го објави и потврди. Секако дека откако по една година пауза, ова е добра вест, македонска екипа да се натпреварува со најдобрите екипи во Европа.
Е. Пелистер е сигурен учесник заедно со екипите на ГОГ, Барселона, ПСЖ, Кил, Магдебург, Келце, Порто, Веспрем и Целје.
Додека ова се десетте екипи кои со вајлд – карти посакуваат да се најдат во тие преостанати шест места во групната фаза во Лигата на Шампионите:
ППД Загреб, Динамо Букурешт, Кристијанштад, Колстад, Спортинг, Монпелје, Алборг, ПИК Сегед, Висла Плоцк и Кадетен Шафхаузен.
Комплетниот список на учесници ќе биде познат на 21 јуни, а ждрепката е закажана за 27 јуни.