Феникс по 28 години ќе игра во големото НБА финале (ВИДЕО)

365

Кошаркарите на Феникс Санс обезбедија пласман во големото финале во НБА лигата со четвртата победа против ЛА Клиперс изборена со 130:103 во финалето на Западната конференција.

Тие ќе се натпреваруваат за престижната титула со победникот од дуелот меѓу Атланта Хоукс и Милвоки Бакс. Херој на вечерта беше ветеранот Крис Пол, кој постигна 41 поен, осум асистенции и четири скока, но на крајот во солзи го заврши мечот.

„Денес бев во мисија: Не смееме да загубиме“, рече Пол по средбата.

„Сите натрупани емоции само излегоа од мене“, призна 36-годишниот кошаркар, кој ќе игра во големото финале за првпат во својата долга кариера.

Феникс, кој дури и не се квалификуваше во плеј-офот во НБА лигата десетпати по ред, повторно ќе игра за шампионскиот прстен за првпат по 28 години.

ПретходноАрсенал испрати понуда за Локатели
СледноЖФК Каменица Саса се засили со репрезентативка на БиХ