Откако Лео Меси си замина, се разбира тоа ќе го стори и Нејмар, а Килијан Мбапе се двоуми, првите луѓе на ПСЖ на чело со Насер Ал-Келаифи, се свесни дека мора нешто да превземат, да донсат една светска фудбалска ѕвезда.
Изборот паднал на Мохамед Салах, најдобриот фудбалер на Ливерпул и еден од најдобрите во Премиерлигата.
Уште повеќе, медиумите во Франција денеска шпекулираат дека Ал – Келаиви веќе го убедувал Салах да дојде на “Паркот на принцовите“.
Проблем е тоа што Салах со “редси“ има договор до 2025 година, но ПСЖ е подготвен да разговара и за исплата на отштета.