ЖФК Каменица Саса се засили со репрезентативка на БиХ

388

Македонскиот шампион во женска конкуренција, екипата на ЖФК Каменица Саса доведе ново засилување на голманската позиција. Од клубот потврдија дека нов чувар на мрежата на клубот во новата сезона ќе биде репрезентативка на Босна и Херцеговина, Јелена Гвоздерац.

Гвоздерац во Каменица Саса се сели од ЖФК Борац од Бања Лука. После пет одлични сезони во премиер лигата на Босна и Херцеговина таа ја започнува интернационална кариера во Македонија.

ПретходноФеникс по 28 години ќе игра во големото НБА финале (ВИДЕО)
СледноДоговор се уште нема: Меси од денеска е слободен фудбалер