Селекцијата на Италија синоќа прими гол на две минути пред крајот на полуфиналниот дуел со Шпанија во Лигата на нации и не успеа да се избори за место во големото финале. По мечот, селекторот на „аѕурите“, Роберто Манчини, сметаше дека Шпанија заслужено е во финалето.
„Шпанија постигна гол во самиот крај на натпреварот, но генерално не одиграа многу подобро од нас. Се подготвивме за поинаков тип на натпревар, но не успеавме да направиме многу од тоа што го планиравме. Мислевме дека Киеза може да ни даде малку повеќе длабочина, но момците направија се што можеа, но има работи за кои ќе зажалиме. Веројатно најмногу што не игравме како што обично играме“, изјави Роберто Манчини.
Италија сега ја чека меч против Холандија во битката за третото место во Лигата на нации.