Турците тврдат дека Бјелица сака да го донесе Адеми во Трабзонспор на позајмица

348

Дел од турските медиуми денеска објавија информација дека екипата на Трабзонспор почнала разговори со екипата на Пекинг за можна позајмица на нашиот репрезентативец Аријан Адеми. „Сабах Спор“ објави дека 32-годишниот Адеми кој само неколку месеци е член на кинескиот тим, е голема желба на новиот тренер на Трабзонспор, Ненад Бјелица, кој имаше извонредна соработка со нашиот репрезентативец додека беше тренер на Динамо (З).

Со оглед на тоа што Адеми е само неколку месеци во Кина, мала е веројатноста дека Пекинг ќе се соглади да му додаде дозвола на нашиот играч за врска да замине во Турција, каде веќе настапува Енис Барди, кој според сите извештаи ова лето ќе си бара нов клуб.

ПретходноТенисерите денеска пред клучен меч со Кипар во Третата Европска зона на Дејвис Купот
СледноПоследен пат со Украина игравме на Европско, сега одиме по бодови за ново Европско (ВИДЕО)